Довчерашниот тренер на Пелистер, Дарко Радуловиќ во новата сезона ќе го води косовскиот прволигаш Башкими.
Тој се враќа во тимот од Призрен на чија клупа беше во сезоната 2022/23, а интересно е тоа што ќе го наследи селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски кој си замина со завршувањето на минатата сезона. Летово Радуловиќ имаше понуди и од романски прволигаши, но на крајот изборот падна на Башкими.
Минатата сезона тој беше тренер на Пелистер со кого стигна до две финалиња, во Купот на Македонија и во плејофот, но за малку остана без трофеј во Купот каде доживеа минимален пораз од МЗТ Скопје.


