Денеска во Пиреја, Рига, Валенсија и Сан Хуан се играат полуфиналните натпревари од олимписките квалификации.
Најинтересно се очекува да биде во Грција каде домашната репрезентација ќе се сретне со Словенија. Многумина очекуваа до овој дуел да дојде во финалето и директно да одлучува за патникот за Париз, но убедливиот пораз на Словенците од Хрватска придонесе денеска да се сретнат двете големи НБА ѕвезди Јанис Адетокунбо и Лука Дончиќ.
Победникот од тој натпревар во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Хрватска и Доминиканска Република.
Дерби ќе има и во Сан Хуан каде Италија ќе се сретне со Литванија во уште еден дуел за кој се очекуваше дека ќе дојде во финалето.
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
ТУРНИР РИГА
Бразил – Филипини 14:30
Камерун – Летонија 18:00
ТУРНИР ПИРЕЈА
Грција – Словенија 16:30
Доминиканска Република – Хрватска 21:00
ТУРНИР ВАЛЕНСИЈА
Бахами – Либан 17:30
Финска – Шпанија 20:30
ТУРНИР САН ХУАН
Италија – Литванија 22:00
Порторико – Мексико 01:00


