Најдобриот словенечки и еден од најдобрите светски кошаркари во моментов Лука Дончиќ нема да биде присутен на Олимписките игри во Париз како играч бидејќи со својата репрезентација доживеа елиминација во квалификациите.
Грција одигра три меча во Пиреја и оствари само една победа и тоа против Нов Зеланд во второто коло од групната фаза. Претходно доживеа убедлив пораз од Хрватска, исто како денеска против Грција. Дончиќ повторно ја презеде одговорноста за поразот и покрај тоа што на двата натпревара од групата оствари трипл дабл, а денеска беше најефикасен во својата репрезентација.
„Ѝ честитам на Грција, играше подобро од нас. Очигледно дека Јанис Адетокунбо е фантастичен играч, но екипата е одлично посложена околу него, а добро се водени и од клупата. Ние одигравме лош турнир, сакавме да победиме, но не успеавме бидејќи противникот беше подобар од нас. Како лидер, ја преземам одговорноста, а не жалам што играв за репрезентацијата“, изјави Дончиќ.
Квалификациите за него дојдоа само две недели по завршувањето на НБА сезоната во која со својот Далас Маверикс стигна до финалето и таму загуби од Бостон со 1-4.


