Најдобриот хрватски кошаркар во моментов Дарио Шариќ го напушти Голден Стејт и во иднина ќе биде член на шампионот од 2023 година Денвер Нагетс.
Со тимот од Колорадо, Шариќ потпишал двегодишен договор за вкупно 10,6 милиони долари, а се очекува да има значајна улога во тимот кој и претстојната сезона ќе се бори за шампионската титула во НБА. Генералниот менаџер на Нагетс, Калвин Бут подолг период се обидуваше да го донесе Шариќ во тимот, веројатно и на задоволство на Јокиќ кој добро ги познава квалитетите на хрватскиот репрезентативец. Нагетс во иднина ќе бидат на балкански погон бидејќи покрај Хрватот Шариќ и Србинот Јокиќ, таму е и Словенецот Чанчар.
Денвер досега остана без Кентавиус Колдвел Поуп кој се пресели во Орландо за 66 милиони долари. Што се однесува до Шариќ, за него постоеше интерес од Панатинаикос, но актуелниот европски шампион не успеа да го донесе во своите редови.


