И репрезентацијата на Порторико ја искористи предноста на домашниот терен и обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз.
Во финалето од турнирот што се одржа во Сан Хуан, Порториканците ја совладаа Литванија со 79-68 и првпат по 20 години ќе настапат на најголемата светска спортска манифестација. Во Париз нема да има воопшто лесна задача бидејќи ќе биде во група со САД, Србија и Јужен Судан.
Најзаслужен за триумф на Порторико беше Хосе Алварадо кој постигна 23 поени, вклучувајќи 10 во третата четвртина во која неговата репрезентација ја направи клучната разлика. Тремонт Вотерс додаде 18, а кај Литванците, кои вторпат по ред ќе ги пропуштат Олимписките игри, најефикасен беше Јокубаитис со 16 поени.
По сето ова, само Летонија од репрезентациите кои беа домаќини на квалификациските турнири, не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз.


