По 16 години, грчката кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Олимписки игри, но во Париз најверојатно нема да биде со истиот тим кој се прошета низ квалификациите во Пиреја.
Грчките медиуми тврдат дека настапот на Танасис Адетокунбо е неизвесен поради повреда на тетивата на левото коленото. Од истите причини тој не играше против Словенија и Хрватска во полуфиналето и финалето на олимписките квалификации, а прогнозите во овој момент не се добри. До почетокот на Игрите има уште нешто помалку од три недели и неизвесно е дали Танасис ќе успее да заздрави.
На Олимписките игри, Грција ќе биде во групата А која е најтешка и најизрамнета од сите затоа што таму се уште Австралија, Канада и Шпанија.


