По подолго време, американската кошаркарска репрезентација ќе биде исполнета со мега ѕвзезди на Олимписките игри и секако е прв фаворит за титулата во Париз.
Во тимот предводен од Стив Кер ќе бидат Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Кавај Ленард, Џејсон Тејтум, Жоел Ембид итн. но покрај сите овие суперстарови, за прва ѕвезда на екипата се смета најмладиот – Ентони Едвардс. Во изјава по почетокот на подготовките, тој им порача на поискусните дека треба да бидат негова помош.
„Јас сум прва опција, другите треба да се вклопат околу мене“, изјави Едвардс околу неговата улога во американската репрезентација во Париз.
Кошаркарот на Минесота е единствен кој играше и лани на Светското првенство на кое САД не успеаја да стигнат до медал. Во меѓувреме имаше одлична сезона во НБА во која со Вулфс стигна до финалето на Западната конференција и таму доживеа елиминација од Далас. Едвардс има неполни 23 години и е еден од само двајцата кошаркари во американската репрезентација родени по 2000.


