Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кавај Ленард го откажа своето учество на претстојните Олимписки игри во Париз и веќе го напушти кампот на американската репрезентација.
Играчот на Лос Анџелес Клиперс уште минатиот месец објави дека е повреден и дека најверојатно нема да патува во Франција, но денеска тоа беше потврдено од Кошаркарската федерација на САД. Веќе е ангажирана и замена за него и тоа во членот на Бостон Селтикс, Дерик Вајт.
Отсуството на Ленард ќе биде голем хендикеп за Американците и покрај тоа што репрезентацијата на САД е преполна со мега ѕвезди.


