Македонската У20 репрезентација попладнево патува за Полска каде од сабота ќе учествува на Европското младинско првенство.
Пред патот, кошаркарите имаа заеднички појадок, а еден од нив на интересен начин ја искажа љубовта кон својата татковина и желбата што подобро да ја претстави на шампионатот.
Играчот на Кожув, Павел Иванов дојде со офарбана коса во боите на македонското знаме. Иванов е еден од помладите во овој тим, роден е 2005 и со нетрпение го очекува првенството на кое Македонија ќе игра првпат по 17 години.


