Отказот на Кавај Ленард кој поради повреда нема да настапи на Олимписките игри предизвика хаос и скандал во американската репрезентација.
За тоа не е виновен Ленард кој си призна дека не е подготвен, туку првиот човек на националниот тим Грент Хил кој одлучи како замена да го повика Дерик Вајт од Бостон. Со тоа не се согласува неговиот соиграч Џејлен Браун, а ни најголемиот дел од љубителите на кошарката во САД кои не можат да поверуваат дека во американската репрезентација нема место за МВП на финалната серија од НБА лигата.
Браун јавно се огласи, преку социјалните мрежи и за одлуката да биде повикан Вајт директно ја обвини компанијата за производство на спортска опрема Најк која е спонзор на репрезентацијата и на неговиот соиграч од Бостон.
@nike this what we doing ?
— Jaylen Brown (@FCHWPO) July 10, 2024
„Така играме, Најк?“, напиша Браун кому спонзор за спортска опрема му е Адидас и смета дека поради тоа не е повикан во репрезентацијата.
Хил подоцна се обиде да ја објасни ситуацијата, но не даде конкретен одговор зошто во овој случај не упатил покана до најдобриот играч во финалето од НБА и секако најдобар во тимот на Бостон од каде е и Вајт.


