Актуелниот селектор на шпанската репрезентација Серџо Скариоло е без ангажман на клупско ниво од финалето на италијанскиот плејоф во 2023 година кога, како тренер на Виртус, загуби од Олимпија Милано.
Лани доби отказ, непосредно пред стартот на новата сезона, а потоа не успеа да најде нова работа. Беше спомнуван како можен тренер на Асвел по разделбата со Паркер, но потоа францускиот тим го избра Џанмарко Поцеко поради помалата плата што ја бараше тој. И ова лето не е ништо различно, за Скариоло нема работа, па можно е тој да се упати кон Јапонија од каде има интересна понуда.
За него е заинтересиран Чиба Џетс кој со големи амбиции ја очекува новата сезона. Пред неколку дена е постигнат договор од пет милиони евра за една од најголемите јапонски ѕвезди Јута Ватанабе, а можно е да биде донесен уште некој квалитетен кошаркар.
Сепак, за Скариоло тоа ќе биде последна опција, ако до крајот на овој месец не најде ангажман во Европа. Од евролигашките клубови, во моментов е отворено само тренерското место во Париз, но се шпекулира дека него ќе го пополни српскиот стручњак Петар Божиќ.


