Крилниот центар Дерон Холмс беше избран како 22. пик на последниот драфт, од Феникс Санс и веднаш испратен во Денвер како дел од трејд.
Сепак, на своето деби во НБА, Холмс ќе мора да почека до идната година бидејќи ја скина Ахуловата тетива на ноќешниот натпревар од Летната лига против Лос Анџелес Клиперс. На четири минути пред крајот, тој имаше дуел со противнички играч по што остана да лежи на паркетот, а потоа успеа некако да го напушти теренот.
Лекарските прегледи покажаа дека се работи за тешка повреда која бара долг процес на рехабилитација. За Холмс ова беше прв натпревар во дресот на Денвер и на него постигна 11 поени и 7 скока, а требаше да биде големо засилување и иднина на тимот од Колорадо.


