Кевин Пантер од минатиот месец официјално е член на Барселона, но во новата сезона би можел да добие друштво во уште еден досегашен играч на Партизан.
Станува збор за Бруно Кабокло за кого раководството на „црно-белите“ тврдеше дека ќе се врати во тимот по грдата разделба пред крајот од последната натпреварувачка кампања, но јасно е дека не може со сила да го држи и покрај тоа што Бразилецот има договор на уште една сезона. Шпанските медиуми тврдат дека за него е заинтересирана Барселона која и ќе плати отштета за Кабокло, па Партизан ќе биде уште на добивка и ќе може да донесе нов играч на таа позиција.
„Барселона бара кошаркар кој може да игра на позициите 4 и 5, па во конкуренција се Фојтман од Алба и Кабокло од Партизан. Кабокло е играч кого во Барселона особено го ценат поради неговите квалитети на обрачот и физичката сила. Проблем е само во тоа што ако дојде, тој би пополнил место на играч надвор од Европската унија како втор таков, по Џабари Паркер. Во Евролигата тоа не е важно, но секако е важно во домашните натпреварувања каде е ограничен бројот на странци“, пишува порталот Енкестадо. Кабокло е еден од ретките играчи од минатата сезона кои уште не си заминале од Партизн, но никој не верува дека ќе остане во тимот и претстојната година.
Покрај Кабокло, Барса е заинтересирана и за хрватскиот кошаркар Лука Шаманиќ кој последната сезона ја помина во Јута Џез, но сега е слободен играч. Тој е производ на школата на Барселона и во сезоната 2018/19 играше за каталонскиот тим. Тој не е толку квалитетен како Кабокло, но не би пополнил место за странски играч бидејќи е од Хрватска.


