Младинската репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна Европското првенство што денеска стартуваше во Полска.
Нашата селекција се сретна со најголемиот фаворит за титулата Шпанија, па загуби со 55 поени разлика (38-93). Македонските кошаркари беа конкурентни само во во првите осум минути од натпреварот кога резултатот беше 15-9 за противникот.
На крајот од првиот и почетокот на вториот период, Шпанците направија серија од 22-0 за +28 по што стана јасно како ќе се движи мечот. На полувреме беше 48-13, а во третиот период Шпанија ја проби границата од 50 разлика. Во последниот период дојде до мало опуштање кај противникот, па нашите играчи го искористија тоа за да го ублажат поразот.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Петар Бошалески со 7 поени, а Шошкиќ, Јовановиќ и Луканоски постигнаа по 6. Катастрофален беше шутот од игра (15/62) додека нашите играчи имаа дури 28 загубени топки, најмногу Јовановиќ – 8. Во второто коло, Македонија ќе се сретне со Турција во во обид да го поправи впечатокот од денешниот лош натпревар. Денеска Белгија ја совлада Турција со 64-62.


