Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс претстојната сезона ќе игра во Евролигата, но во моментов е неизвесно дали тоа ќе биде во дресот на Париз или некој друг клуб.
Израелскиот портал Спорт5 тврди дека интерес за него покажал најтрофејниот тим од оваа земја Макаби Тел Авив кој се обидува да го донесе своите редови. Сепак, истиот извор додава дека во Макаби не се големи оптимисти во врска со евентуалниот трансфер бидејќи Шортс е под договор со Париз, а неговата годишна плата изнесува 500 илјади евра, плус бонуси.
Репрезентативецот на Македонија игра одлично последните две сезони, прво во дресот на Бон со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и за Париз со кој триумфираше во Еврокупот. Во двете натпреварувања беше прогласен за МВП и на основниот дел и на плејофот.


