По трите странски засилувања, најтрофејниот македонски клуб Работнички го донесе и првиот домашен кошаркар.
Нов член на тимот од Градски парк е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски кој минатата сезона играше во Еуро Никел и второлигашот Шкупи на кого му помогна да се пласира во елитната конкуренција. На 12 натпревари за кавадаречкиот тим, просечно постигнуваше по 2,2 поена и 3,3 скока, а во Работнички треба да биде покритие за центарската позиција.
Пред Двојаковски, Работнички ги донесе босанското крило Његош Сикираш и бековите Весли Персон Џуниор од САД и Михаило Јовичиќ од Србија.


