Довчерашниот играч на Голден Стејт Вориорс, Усман Гаруба по три сезони ќе се врати во својот матичен клуб Реал Мадрид.
Такво нешто се шпекулираше претходниот период, но денеска тоа го потврди самиот тој преку социјалните мрежи на кои објави дека наскоро се враќа. Гаруба беше член на Реал Мадрид од 2017 до 2021 година, во дресот на овој клуб дебитираше во сениорската кошарка за во 2021, на само 19-годишна возраст да замине во НБА.
🔙🔜⚪️🙏🏾
— Usman Garuba Alari (@Usmangaruba) July 14, 2024
Прва станица во САД му беше Хјустон Рокитс каде помина две сезони за лани да се пресели во Голден Стејт. Сепак, факт е дека не се снајде најдобро во НБА бидејќи за три години одигра само 105 натпревари, без особен ефект. Многу веројатно, потписот на договорот меѓу Реал и Гаруба ќе биде ставен пред почетокот на Олимписките игри кои стартуваат на 26 јули.


