Денеска беше извршена ждрепката за новата сезона во АБА 2 лигата во Македонија ќе има три претставника.
Со оглед на тоа што беше во првиот шешир, МЗТ Скопје доби најлесни противници и се падна во групата А со Хелиос, Цедевита Јуниор и Теодо. Натпреварувањето ќе го почлне на 24 септември, против Теодо на домашен терен.
Многу потешко ќе им биде на Пелистер и Работнички што е и очекувано ако се знае дека беа во третиот и последниот шешир. Пелистер е во групата Ц со најпријатното изненадување од минатата сезона Подгорица која го растури Златибор во плејофот и беше на чекор од финалето, потоа Широки и амбициозниот Вршац. Работнички е во групата Б со актуелниот вицешампион Војводина, потоа амбициозната Босна која посакува да се врати на шампионските патеки и со Сутјеска. Токму црногорскиот тим ќе биде прв противник на Работнички, во Скопје, додека Пелистер почнува со Широки пред своите навивачи. Последната група (Д) ја сочинуваат Златибор, Борац, Илирија и Шибенка.
Оваа сезона се игра по изменет систем, нема повеќе балони и се воведува двокружен систем дома-гости. Најдобрите две екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза која исто така е групна.


