Поранешниот славен бразилски репрезентативец, а сега тренер Тијаго Сплитер денеска е промовиран во нов шеф на стручниот штаб на дебитантот во Евролигата, Париз.
На позицијата, тој доаѓа како наследник на Туомас Исало под чие водство минатата сезона Париз триумфираше во Еврокупот, но финскиот стручњак летово ја прифати можноста да се пресели во НБА, како член на стручниот штаб на Мемфис Гризлис. Последните пет години Сплитер работеше како помошник во Бруклин и Хјустон, а сега првпат во својата кариера самостојно ќе води една екипа.
Пред официјално да го преземе Париз, Бразилецот ќе учествува на Олимписките игри како дел од стручниот штаб на репрезентацијата на својата татковина, како асистент на Александар Петровиќ. Ова значи дека Ти Џеј Шортс по неколку години заедничка работа, нема да биде под водство на Исало и со Сплитер ќе дебитира во Евролигата, ако сепак летово не прифати некоја од понудите на негова адреса.


