Младинската репрезентација на Македонија заврши на последната позиција во својата група и го доби противникот за следната фаза од Европското првенство во Полска.
Тоа ќе биде селекцијата на Словенија, една од само двете репрезентации во досегашниот дел од шампионатот, покрај Шпанија, со максимален ефект откако во групата ги совлада Исланд, Литванија и Црна Гора. Словенците имаат фантастичен состав и секако ќе бидат фаворити во дуелот со Македонија, а натпреварот се игра в среда, на 17 јули.

Во случај на триумф, македонската репрезентација ќе се пласира во четвртфиналето и воедно ќе обезбеди опстанок во елитната конкуренција. Ако загуби, продолжува во битката за спас и следен ривал ќе ѝ биде поразениот од дуелот меѓу Италија и домаќинот Полска.


