Можеби големата желба на Леброн Џејмс да заигра за својот син нема да се исполни толку брзо бидејќи Брони игра катастрофално во рамките на Летната лига.
Лос Анџелес Лејкерс загуби од Бостон со 74-88, а кошаркарот кој е најпознат како синот на Леброн постигна два поена со три скока и една асистенција за 25 минути во игра. Најинтересно е тоа што уште ја чека својата прва тројка бидејќи досега има 0/15 од дистанца на натпреварите што ги одигра за Лејкерс.
Статистиката покажува дека со него на паркетот, тимот од Лос Анџелес има -22, како и тоа дека Брони погодува 20% од ударите од игра. Се погласни се критиките на негова сметка и најавите дека претстојната сезона тој повеќе ќе помине во Саут Беј (филијалата на Лејкерс) отколку во друштво на својот татко.


