Преговорите меѓу кошаркарските федерации на Србија и Грција околу пријателскиот меч на репрезентациите на двете земји завршиле успешно и тие ќе се сретнат во генерална проба за Олимписките игри во Париз.
Натпреварот ќе се одигра во белградската Арена на 22 јули, четири дена пред почетокот на Игрите на кои ќе учествуваат двете репрезентации. За Грците, тоа ќе биде само втор подготвителен натпревар, по денешниот против Порторико додека Србите имаат нешто позгуснат распоред бидејќи денеска се среќаваат со Австралија, утре со САД, а на 21 јули со Јапонија.
Последен пат во Белград, Србија и Грција играа во август 2022 година, во квалификациите за Светското првенство, а во пресрет на Европскиот шампионат. На тој меч Јанис Адетокунбо постигна 40, а Никола Јокиќ 29 поени. Двајцата кошаркари и сега ќе бидат во составите откако го пропушти ланскиот Мундијал.


