Македонскиот репрезентативец Амар Хот е петто засилување за Работнички ова лето, втора од домашните кошаркари.
Во тимот од Аеродром тој се сели од Вардар, а Работнички ќе биде негов четврти клуб во македонската кошаркарска елита бидејќи претходно играше и во Феникс и Пелистер. Неодамна тој го продолжи договорот со Вардар, но во меѓувреме 15-кратниот македонски првак излезе со подобра понуда и го привлече 21-годишниот крилен центар во своите редови.
Хот со својата енергија би требало да биде големо освежување за тимот на Горан Самарџиев кој беше исклучително активен на трансфер-пазарот последните две недели. Донесени се три странски засилувања (Михаило Јовичиќ, Весли Персон и Његош Сикираш) и двајца домашни играчи (Оливер Двојаковски и Амар Хот).


