Репрезентацијата на Србија го доживеа првиот пораз на подготовките за Олимписките игри откако попладнево загуби од Австралија, во рамките на турнирот во Абу Даби.
Австралија славеше со 84-73 и покажа дека играта во последната четвртина од вчерашниот дуел со САД не била случајност. Мора да се истакне дека Србија беше капитенот Богдан Богдановиќ, како и без Огњен Добриќ кои добија поштеда пред натпреварот против американската репрезентација што се игра утре.
Клучен за победата на Австралија беше Пети Милс кој секогаш игра одлично за репрезентацијата, а денеска постигна 28 поени. Особено беше добар во последната четвртина, во моментите кога се одлучуваше прашањето околу победникот. Покрај него се истканаа и Ексум со 15 и Гиди со 13 поени. Во српската репрезентација, Петрушев беше прв стрелец со 17 поени, додека Јокиќ оствари дабл дабл со 14 поени и 14 скока.
Србија утре ќе го има најсилниот тест во рамките на подготовките, против САД со кои е во група и на Олимписките игри.


