Бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло и натаму е под договор со Партизан, па „црно-белите“ можат добро да профитираат ако се оствари неговото најпоскаувано сценарио.
Во моментов тој е во Лас Вегас каде интерес за него покажале претставници на 17 екипи од НБА. Иницијална каписла за тоа беше неговиот одличен настап на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рига кога беше најзаслужен за триумфот на Бразил и пласманот во Париз.
Ако успее да најде ангажман во НБА, никој во Партизан нема да се противи, а белградскиот клуб ќе заработи еден милион долари со оглед на тоа што Кабокло има договор и за претстојната сезона. Слична беше ситуацијата со Тристан Вукчевиќ кој среде сезона си замина од Партизан и замина во Вашингтон за што „црно-белите“ добија 600 илјади долари.


