Денеска на Европското младинско првенство во Полска почнува нокаут фазата, а прв противник на Македонија е репрезентацијата на Словенија. Ривалот е еден од само двата кои остварија максимален ефект во групата (3/0) и секако влегува како фаворит во овој меч. Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра од 13 часот.


