Репрезентацијата на САД ја прегази Србија со 105-79 во последниот натпревар од мини-турнирот што се играше во Абу Даби, а на кој учествуваше и Австралија.
„Орлите“ беа рамноправен противник само 15 минути, период во кој често беа во водство, најмногу со шест поени разлика. Се потоа одеше на контото на Американците кои потврдија дека на Олимписките игри ќе бидат главни фаворити за златото. По 40-40, САД направија серија од 16-2 и на полувреме заминаа со 59-45.
Доминацијата продолжи и во третиот период, повторно серија од 12-0 за 71-45, а највисоката разлика изнесуваше 31 поен (105-74) во последните моменти од натпреварот.
Стеф Кари беше расположен за игра, погоди четири тројки од шест шута, а далеку зад него останаа Едвардс (10 поени) и останатите играчи кои беа едноцифрени. Голем придонес, особено во одбраната даде Ентони Дејвис кој делеше банани и буквално го затвори рекетот. Во српската репрезентација само Аврамовиќ беше двоцифрен, со 10 поени. Мора да се истакне дека повторно не играше Богдан Богдановиќ, но и Американците не беа комплетни бидејќи го немаше Кевин Дурант.


