Иако го освои првото место во својата група, репрезентацијата на Србија испадна од борбата за титулата на Европското младинско првенство во Полска откако денеска доживеа сензационален пораз од Чешка во осминафиналето со 67-72.
Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека Србите водеа повеќе од три четвртини, на моменти и со 12 поени разлика. Чешката репрезентација, сепак, не се откажа, постојано беше зад петите, а со серијата од 10-2 во последниот квартал поведе со недостижни 71-64.

Развојот на настаните ја стави Чешка во многу поволна ситуација, па утре против Белгија ќе се бори за пласман во полуфиналето и има големи шанси да стигне меѓу четирите најдобри и покрај тоа што во групата немаше ниедна победа. Србија ќе се бори за опстанок против Исланд, а на истата страна од ждрепката е Македонија која утре игра против Италија.

Што се однесува до останатиот дел од првенството, четвртфиналето носи мега-пресметка меѓу првите фаворити за титулата Франција и Шпанија. „Фуријата“ е со максимален ефект досега, додека Франција во групата доживеа еден пораз и тоа од Србија.


