Довчерашниот кошаркар на Задар, Лука Божиќ стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и потпиша двегодишен договор со Валенсија.
Во Шпанија се сели по две фантастични сезони во хрватскиот клуб со кој освои две шампионски титули во хрватското првенство и два пати беше прогласен за МВП на АБА лигата. Минатата натпреварувачка кампања ја заврши со фантастичен просек од 19,8 поени, 7,8 скока и 6,3 асистенции при што на два меча оствари трипл дабл.
Во Валенсија, Божиќ ќе игра со македонскиот репрезентативец Итан Хап кој неодамна потпиша договор со овој клуб. По три сезони во Евролигата, Валенсија се враќа во Еврокупот каде е рекордер со четири освоени титули.


