Марин Петков денеска го продолжи договорот со МЗТ Скопје на дополнителни две сезони и ќе остане во клубот од Аеродром до 2027 година.
Петков игра на плејмејкерската позиција и со 21 година е најмлад во составот на Васко Атанасов. Продолжувањето на соработката со него е влог во иднината и тоа откако младиот кошаркар се покажа добро во својата прва сезона во клубот.
Петков се пресели во МЗТ Скопје минатото лето од Феникс и во првата сезона со аеродромци одигра вкупно 47 меча во четири натпреварувања.


