По две сезони, Расел Вестбрук го напушти Лос Анџелес Клиперс откако франшизата од Калифорнија денеска го вклучи во размена на играчи со Јута Џез.
Клиперс го добија Крис Дан од Јута, пик во втората рунда на драфтот и пари, но Вестбрук нема долго да се задржи во Солт Лејк Сити. Всушност, како што стојат работите, тој нема ни да го облече дресот на Јута затоа што се очекува да биде ослободен од обврските и потоа да се пресели во Денвер Нагетс. Јута ќе го откупи неговиот договор по што Вестбрук ќе стане слободен играч и слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Така ќе се исполни желбата на Никола Јокиќ кој сакаше покрај себе да го добие Вестбрук и конечно ќе заигра со високопрофилен плејмејкер.


