Еден од најдобрите американски кошаркари во моментов Кевин Дурант ја санира повредата и на една недела пред почетокот на Олимписките игри се врати на тренинзите на репрезентацијата.
Поради повредата на листот, тој ги пропушти сите четири досегашни пријателски натпревари на САД, но сега нема проблеми и би требало да заигра на утрешниот дуел против Јужен Судан. Ако, евентуално, дојде до промена и не се најде во тимот од превентивни причини, сигурно ќе игра на генералната проба против светскиот шампион Германија на 22 јули.
На Олимписките игри, САД се во гриупа со Србија, Јужен Судан и Порторико. За Дурант ова ќе биде обид да дојде до својот четврти златен медал на Олимписките игри откако триумфираше во 2012, 2016 и 2021 година.


