По една година во елитната конкуренцијата, младинската репрезентација на Македонија се враќа во Б-дивизијата каде ќе се натпреварува во 2025 година.
Во првиот меч од директната борба за опстанок, нашата селекција загуби од Исланд со 87-116 и утре ќе игра за 15. место што не носи никакви промени во однос на статусот во А-лигата. Младинската репрезентација на Македонија тотално разочара на ова првенство бидејќи досега претрпе шест порази на шест натпревари, сите двоцифрени.
Денеска се држеше речиси едно полувреме, односно до 38-38 на помалку од две минути пред крајот на втората четвртина. Исланд потоа направи серија од 8-0 која ја продолжи во третиот период со уште еден кош и многу брзо отиде на двоцифрена предност. Во тие третата четвртина Исланѓаните го наполнија нашиот кош, постигнаа 43 поени и по 30 минути игра беше 89-63. Остатокот од мечот остана само како формалност бидејќи победата на противникот ниеднаш не беше доведена во прашање. Колку и да звучи чудно, ова беше најефикасен натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство бидејќи првпат ја проби границата од 80 поени.
Исланѓаните шутираа одлично од дистанца, погодија 20 тројки од 40 шута и тука треба да се бараат причините за нивната победа. Андреј Шошкиќ со 19 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Јовановиќ додаде 17, а Иванов 15. Противник во утрешниот ревијален натпревар ќе ни биде Црна Гора или Турција.


