На три дена пред заминувањето за Париз на Олимписките игри, Огњен Добриќ го официјализира своето враќање во Црвена Звезда откако потпиша тригодишен договор со актуелниот српски и АБА шампион.
Минатата сезона тој ја помина во Виртус, но таму не успеа да ги повтори своите изданија од претходниот период во Звезда, а и клубот одлучи да направи реконструкција на екипата која го зафати и 30-годишниот крилен играч. Претходно Добриќ играше седум години во црвено-белиот дрес и освои низа титули и индивидуални признанија.
Добриќ е втор повратник во редовите на Црвена Звезда по Никола Калиниќ, а белградскиот клуб летово се засили уште со Милер Мекинтаер, Даум, Кенан и Плавшиќ.


