Откако лани се врати по неколкугодишна пауза, Суперкупот на АБА оваа година повторно нема да се игра.
Таква одлука донесе раководството на лигата, а причина за тоа е фактот што оваа сезона, првенството почнува малку порано, на 20 септември и зголемен е бројот на учесници на 16, па со тоа и распоредот ќе биде уште позгуснат. Планирано беше Суперкупот да се игра околу 15 септември, но не беше возможно да се вклопи се откако Бар ја откажа организацијата.
Суперкупот на АБА првпат се играше во 2017 година и прв победник беше Цедевита. Три сезони по ред беше организиран, но прекина со појавата на пандемијата со корона вирусот и се врати дури лани кога Црвена Звезда одби да настапи затоа што многу доцна беше одлучено да се игра ова натпреварување. Актуелен победник е екипата на Студентски Центар.


