По примерот на Грција и САД, Олимпискиот комитет на Германија одлучи кошаркар да биде знаменосец на спортската експедиција на оваа земја на отворањето на Игрите што ќе се одржи в петок.
Честа ја доби НБА кошаркарот Денис Шрудер, еден од најзаслужните што лани Германија стана светски шампион, првпат во својата историја. Тој е само втор кошаркар што ќе го носи германското знаме на отворање на Олимписките игри, по Дирк Новицки кој ја имаше таа улога во 2008 година во Пекинг. Друштво на Шрудер ќе му прави џудистката Ана Марија Вагнер.
Што се однесува до кошаркарите на Олимписките игри, знамето на САД ќе го носи Леброн Џејмс, а на Грција – Јанис Адетокунбо.


