Поранешниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, член на Куќата на славните и на американскиот „дрим-тим“ кој играше на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, Крис Малин многу тешко ја прими изјавата на српскиот селектор Светислав Пешиќ.
Искусниот стручњак рече дека сегашната американска селекција е можеби подобра од онаа од 1992 година. Малкумина се согласуваат со тоа, но Малин толку го погодија тие зборови што ги искоментира мошне бурно.
„Кој е тој тип? Ќе го побарам, можеби ќе ми даде тема за приказна. Тој мора да се разбуди, можеби ќе скокне во српско море (???)… Ќе бидам во Париз, па ќе го побарам и ќе му одржам лекција по историја“, рече Малин во интервју за порталот Спортскида.
На Олимписките игри во Париз, Американците се во група со Србија, а нивниот меѓусебен дуел е во првото коло, в недела од 17:15 часот.


