Од 14 до 21 јули во Златибор, Србија по четврти пат се одржа Интернационалниот кошаркарски камп „Жељко Ребрача“.
На овој камп земаа учество преку 200 кошаркари од целиот Балкан. Нашите млади кошаркари доминираа на кампот во Златибор и ги освоија следните награди:
- Стефан Божиновски победник во 1:1 и шут за три поена во Next Level програмот.
- Next Level програмата за помладите Ефтим Ефтимов победник во 1-1 и Владимир Ефтимов во шут за три поена.
- Матеј Стефковски победник за шут за 3 поена генерација 2007/08
- Марко Солев победник во 1:1 и шут за 3 поена генерација 2009 а воедно популарниот Марче беше прогласен за МВП на кампот Ребрача 2024.
- Војдан Чадиковски кај генерација 2010.
„Ова е втора година по ред како Mozzart заедно со стручниот штаб на ИБА стипендираат млади талентирани кошаркари да учествуваат на кошаркарскиот камп ‘Жељко Ребрача’ во Србија. Горд сум што талентот на нашите деца е препознаен од еминентни стручњаци во регионот и голем дел од нашите стипендисти веќе градат успешни кариери во странство“, изјави првиот човек на ИБА Академија, Владимир Мирковски.
КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ








