На два дена пред почетокот на Олимписките игри, машката американска кошаркарска репрезентација пристигна во Лил каде ќе се играат натпреварите од групната фаза на кошаркарскиот турнир.
Доаѓањето на суперѕвездите на САД предизвика огромен интерес кај локалното население кое излезе да ги поздрави Леброн и компанија, но видливо беше големото полициско обезбедување.
Американците ќе имаат три дена да се адаптираат и да ги завршат последните подготовки бидејќи првиот натпревар го играат в недела од 17:15 часот против Србија.


