Актуелниот селектор на германската репрезентација Гордон Херберт во новата сезона ќе биде тренер на Баерн, објави баварскиот клуб.
Договорот на Херберт со Федерацијата истекува по Олимписките игри во Париз, а бидејќи не доби дозвола да работи паралелно на двете места, одлучи да поднесе оставка на селекторската функција и да се посвети на клупскиот предизвик. Интересно е тоа што тој требаше да преземе клуб од Јапонија, но во последен момент дојде до промена на планот и ќе седне на клупата на Баерн кој е актуелен шампион на Германија.
Со овој клуб, Херберт потпиша договор на две години, а ќе го наследи Пабло Ласо кој неочекувано си замина и стана тренер на Басконија. Со германската репрезентација Херберт лани стана светски шампион на Мундобаскетот што се одржа на Далечниот Исток.


