Филип Петрушев нема да се врати во тимот на Црвена Звезда, таков е заклучокот по обраќањето на газдата на Олимпијакос, Панајотис Ангелопулос за време на денешното претставување на Александар Везенков.
Трансфер на Србинот во Белград се очекуваше откако стана јасно дека Везенков ќе се врати во Олимпијакос, а особено по твитот на менаџерот Мишко Ражжнатовиќ пред два дена кога напиша дека за Петрушев нема да се преговара додека клубот од Пиреја не ја покрие позицијата 4. Навивачите и раководството на Звезда се надеваа дека тоа е готово, но излезе дека не е.
„Ростерот за новата сезона е затворен. Олимпијакос има еден од најкомплетните тимови во својата историја. Сезоната има 80 натпревари и сите играчи се корисни, а статистички е невозможно да се избегнат повредите. Сите ќе останат да освојат титули со Олимпијакос“, изјави Ангелопулос.
Клубот нема ни да се обиде да го растовари буџетот ако се знае дека Везенков потпиша петгодишен договор за 18,5 милиони евра.


