Легендата на шпанската кошарка Руди Фернандес влезе во историјата на Олимписките игри на денешниот натпревар против Австралија.
Довчерашниот член на Реал, кој за две недели официјално ќе ја заврши својата играчка кариера, влезе во игра на средина од првата четвртина и со тоа официјално стана првиот кошаркар кој настапил на шест Олимпијади. Дебитираше пред точно две децении во Атина како 19-годишник, а потоа играше и во Пекинг, Лондон, Рио де Жанеиро и Токио. Во 2008 и 2012 година освои сребрени, а во 2016 година бронзен медал.
Зад Фернандес останаа Хуан Карлос Наваро од Шпанија, Теофило Крус од Порторико, Ендрју Гејз од Австралија, Оскар Шмит од Бразил и Луис Скола од Аргентина со по пет учества на Олимписките игри.


