Репрезентацијата на Франција победнички ги отвори Олимписките игри откако денеска триумфираше во дуелот со Бразил со 78-66.
И покрај тоа што „кариоките“ подобро го почнаа мечот и водеа до пред крајот на првото полувреме, триумфот ѝ припадна на домашната селекција. Пред крајот на воведниот период Бразил имаше 23-15, во раната фаза од вториот период и двоцифрена предност, но потоа се разбудија Французите, пред се Виктор Вембанјама и почна пресвртот.
Со серија од 11-0, „триколорите“ дојдоа на само -1 (26-27), а до првото водство на мечот стигнаа на 35 секунди пред крајот на полувреме, со тројката на Фурние за 39-36. Се неше решено во третиот период во кој Бразил постигна само девет поени и Франција отиде на +12, разлика која не беше загрозена во последните 10 минути.
За Вембанјама ова беше деби на Олимписките игри и покажа колку е значаен за француската репрезентација. За 31 минута постигна 19 поени и 9 скока, а 19 поени постигна ветеранот Никола Батум, но со многу помал индекс. Кај Бразил, Фелисио и Меиндл постигнаа по 14 поени, а целосно разочара Бруно Кабокло кој рано влезе во проблеми со фаули, мораше да излезе од игра и го заврши натпреварот без поен.


