Спектакл на првото коло од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри ќе биде дуелот меѓу Србија и САД кој се игра денеска од 17:15 часот во Лил.
Интересот е голем и се очекува да има 27 илјади гледачи, колку што собира во адаптираниот за кошарка дел од стадионот Пјер Мороа. Многу веројатно на трибините ќе има повеќе српски навивачи кои не жалат пари за да го гледаат денешниот меч. Доказ за тоа е информацијата дека некои од нив денеска купиле влезници по цена од 750 евра иако на почетокот на продажбата можеле да се набават за 120 евра.
Интересно ќе биде да се види колку ќе чинат влезниците ако овие две репрезентации се сретнат во големото финале на Олимписките игри за што постојат големи шанси.


