Викендов во Гевгелија се одржува традиционалниот турнир „Боби Петковски“ на кој учествуваат четири кадетски репрезентации.
Покрај Македонија, на југот од земјава се уште Израел, Швајцарија и Романија, а по првите два дена, нашата кадетска селекција има две победи. Во првото коло ја победи Романија со 75-73 во меч во кој блескаше Ѓорѓи Цветковски кој постигна 25 поени. Вториот меч, против Швајцарија, Македонија го доби со 65-63, а на него се разигра Алексеј Нешовиќ кој реализира 16 поени, вклучувајќи четири тројки.

Вечерва од 19 часот, Македонија ќе се сретне со Израел во директен дуел за првото место. Кадетската репрезентација од 8 до 17 август ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија во Скопје, а во Гевгелија ќе остане и претстојната недела, до дуелот против Ирска кој е на програмата на 3 август.


