Репрезентацијата на САД води со 58-49 по првото полувреме од дуелот против Србијаа во првото коло од Олимписките игри, а досегашниот дел од мечот поминува во знакот на Кевин Дурант.
Суперѕвездата на Феникс ги пропушти сите подготвителни дуели на американската селекција и беше неизвесен за денешниот меч поради повреда, но очигледно успеал да се рехабилитира и максимално е подготвен за настап. За помалку од девет минути во игра, постигна 21 поен, без промашување и со 5/5 за тројка. Американците одлично ги служи шутот и досега постигнаа 12 тројки од 18 обиди од далечина.
Српската репрезентација одлично парира, пред се тоа се однесува за Никола Јокиќ кој постигна 12 поени и е неприкосновен во рекетот, а свои моменти имаа и Добриќ, Аврамовиќ и Богдановиќ.


