Српската репрезентација доживеа убедлив пораз од САД во првото коло од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри.
За селекторот Светислав Пешиќ тоа не е ништо страшно, па дури е и очекувано со оглед на квалитетот на американската селекција.
„Натпреварот беше таков каков што очекувавме и не доживеавме ништо ново. Голема е разликата кога играат против нас, очигледно се посебно мотивирани. Не зборувавме многу за одбраната, тука се почнува и тука е базата, а во подготвителниот период се концентриравме на нападот. Прерано почнавме да шутираме, а тој не не служеше специјално. Сето ова е доказ дека ја загубивме организацијата на играта и сето она што добро го правевме во првото полувреме“, изјави Пешиќ.
И покрај поразот од САД, реално е дека Србија ќе се пласира во следната фаза од Олимписките игри, а втор ривал ѝ е Порторико, в среда.


