Женската селекција на Србија славеше со 58-55 во дуелот со Порторико од првото коло на Олимписките игри, а дуелот го одбележа тепачката во финишот од мечот.
Во главна улога беа српската кошаркарка Драгана Станковиќ и Порториканката, Мија Холингсхед кои при борба за една топка продолжија да се туркаат, па мораа да интервенираат останатите кошаркарки. Особено воинствена беше Станковиќ која за своето однесување доби и прекор од селекторот Марина Маљковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
— Rade Fantastični (@RFantasticni) July 28, 2024
Србија на овој меч имаше предност и од 20 поени разлика, но се доведе во ситуација да се спасува во последните минути.


