Целосната реконструкција на Партизан е при крај и останува уште клубот да ги потврди новите играчи кои се најавувани цело лето.
На бројните засилувања треба да им се придружи и досегашниот играч на Њујорк Никс, Дуан Вашингтон кој, како што тврдат американските медиуми, е договорен и само треба да биде потврден неговиот премин меѓу „црно-белите“. Неговиот татко бил професионален кошаркар, па Вашингтон е роден во Франкфурт, но кариерата ја градел во САД.
Колеџ деновите ги поминал на Охајо Стејт, во 2021 година влегол во НБА преку Индијана, а потоа играл и за Феникс и Њујорк од каде што е отпуштен пред пет дена. Партизан, односно Белград, треба да биде негова прва европска станица.
Партизан досега ги промовира само Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Франк Нтиликина, но има договорено уште 10 кошаркари, а од минатата сезона е останат само Балша Копривица. Од НБА лигата во поранешниот европски шампион доаѓа и Нтиликина.


