Поранешниот финалист во Купот на Македонија, Феникс во новата сезона ќе го има американскиот интернационалец Мајлс Браун.
Плејмејкерот доаѓа директно од САД, односно од Универзитетот Охајо каде играл претходните пет сезони. Минатата, просечно постигнувал по 9,7 поени, 3,8 скока и 1,9 асистенции, а трансферот во Феникс ќе му биде прво европско искуство во кариерата.
Пред Браун, Феникс го продолжи договорот со Благој Димитриев, а се очекува во следниот период да го комплетира ростерот за новата сезона.


